Не измина ниту еден месец откако Џастин Тимберлејк и Џесика Бил јавно објавија дека нивната 4-годишна врска заврши, а амбициозниот актер веќе има покрај себе уште една од најубавите холивудски ѕвезди.
30-годишниот пејач и шармантната Оливија Вајлд за време на викендот биле излезени заедно и според очевидци се прегрнувале, си шепотеле и флертувале цела ноќ.
Убавиот пар до 1 часот по полноќ уживал во VIP делот на ноќен бар во Лос Анџелес, а потоа по барање на Џастин се преместиле во внатрешноста за да можат да слушаат хип-хоп музика.
„Дуото пристигна во клубот заедно, двајцата носеа бели маици и фармерки и двајцата пиеја вотка. Си заминаа заедно во 3 часот по полноќ“ – пишува познатото списание People.
„Беше очигледно дека се на состанок. Неговата рака беше преку нејзиното рамо, зборуваа од блиску, само тие двајцата... Џастин и Оливија беа таму со друштво, но не разговараа со никој друг“ – пишува UsMagazine, цитирајќи внатрешен човек кој присуствувал во клубот.
Оливија Вајлд минатиот месец поднесе документи за развод од италијанскиот принц Тао Русполи и со тоа стави крај на нивниот 8-годишен брак.
Оливија и Џастин се зближија на снимањето на филмот „Now“.
Дополнување (05.04.2011):
Оливија Вајлд ги негираше гласините дека се состанува со Џастин Тимберлејк. Таа на Twitter напиша: „Ние сме само пријатели“.