Шармантната актерка Оливија Вајлд беше прогласена за најсекси вегетаријанка за 2010-та година од страна на организацијата за заштита на правата на животните ПЕТА (People for the Ethical Treatment of Animals).
“
Навистина сум почестена и многу инспирирана да продолжам да живеам вегански начин на живот, којшто е добар кон моето тело, моите пријатели животните и за светот во кој живееме. Па, благодарам ПЕТА и благодарам на оние кои гласаа за мене.
Од машките вегетаријанци за најсексапилен беше прогласен личниот тренер Боб Харпер, којшто е најпознат по своето учество во шоуто „The Biggest Loser“.
Минатата година победници беа пејачката Кели Пиклер и ѕвездата од серијата „Heroes“, Мајло Вентимилиа.