Оливија Вајлд и Хари Стајлс беа уловени од папараците на романтична прошетка во Лос Анџелес.
37-годишната актерка и 27-годишниот пејач изгледаа заљубено и среќно додека се прегрнуваа во релаксирано издание. И двајцата носеа искинати фармерки.
Оливија и Хари се запознаа и вљубија еден во друг додека таа го снимаше филмот „Don’t Worry Darling“ во САД. Претходно, таа беше верена со Џејсон Судејкис со кого имаат две деца.