Џони Деп е ѕвездата од новото издание на списанието „Interview“. За црно-белите фотографии 50-годишниот актер позираше пред објективот на Брус Вебер.
Во интервјуто за „Interview“, направено од Иги Поп, Деп зборувал за својата љубов кон музиката. „Свирам многу во последно време. Тоа што можам да се фокусирам на мојата прва љубов ми го спасува животот. Тоа е слобода“ – изјавил тој.
Деп отворено зборувал и за животот пред славата, откривајќи дека работел како продавач на пенкала преку телефон, на бензинска пумпа и како механичар, но дека на ниту едно од тие работни места не успеал да се задржи долго време.
Славниот актер, кој моментално го промовира својот најнов филм „Transcendence“, денес потврдил дека е верен со Амбер Херд, но признал и дека планирањето на свадбата не е за него. „Сметам дека би бил подобар во правење на женски обувки одошто во планирање на свадба, ништо не можам да планирам“ – рекол тој.