Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џони Деп и Ванеса Паради се разделија по 14-годишна врска

Џони Деп и Ванеса Паради се разделија по 14-годишна врска

И официјално... Џони Деп и Ванеса Паради ја прекинаа својата долгогодишна врска. Иако веќе неколку месеци медиумите објавуваа вести за нивната разделба, двајцата актери во неколку наврати негираа дека се разделуваат.

Но, сега претставници на Џони и Ванеса потврдија дека заврши нивната 14-годишна врска. „Ве молиме почитувајте ја нивната приватност, а што е поважно, и приватноста на нивните деца“ – изјавил претставник за медиумите.

Ванеса и ЏониВанеса Паради и Џони Деп

Иако не беа во брак, нивната врска беше една од најстабилните во Холивуд. „Многу е тажно“ – изјавил близок до познатиот пар.

39-годишната француска актерка и 49-годишниот актер заедно имаат две деца, 13-годишната ќерка Лили-Роуз Мелоди Деп и 10-годишниот син Џон „Џек“ Кристофер Деп III.

Џони и Ванеса заедно со нивните деца живееја во Франција, далеку од „лудиот“ Холивуд. Самиот актер имаше изјавено дека тоа му дава рамнотежа во животот и дека не му е потребно парче хартија на кое ќе пишува дека се во брак.

Џони и Ванеса

Нарекувајќи го Деп „љубовта на мојот живот“, Ванеса имаше изјавено: „Постои големо пријателство помеѓу нас, почит и восхит... Го обожавам како актер, како татко, како маж“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19683 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.