Лили-Роуз Деп доби главна улога во филм на Кевин Смит, во кој ќе глуми и нејзиниот славен татко.
„Yoga Hosers“ се фокусира на две девојки – Лили-Роуз и ќерката на режисерот, Харли Квин Смит.
Ова е прва соработка на 51-годишниот Деп со неговата ќерка на филмското платно.
Лили-Роуз и Харли Квин беа дел и од новиот филмски проект на Кевин Смит, „Tusk“, кој ќе биде премиерно прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.