Џони Деп беше специјален гостин во шоуто на Ријана за линијата „Savage X Fenty“.
За едноминутното појавување, 59-годишниот актер носеше свилени пижами од брендот на 34-годишната пејачка. Како и секогаш, својот изглед Деп го надополни со повеќе ланчиња.
И Џони и Ријана биле многу возбудени за новата соработка.
Покрај Деп и Ријана, меѓу останатите славни личности кои се појавуваат во шоуто се: Ирина Шајк, Кара Делевин, Џоан Смолс, Анита и Тараџи Хенсон.