Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Натали Портман убавица во Версаче за Elle UK

ФОТО: Натали Портман убавица во Версаче за Elle UK

Натали Портман изгледа прекрасно на насловната страница на ноемвриското издание на британското Elle. 32-годишната Оскаровка привлекува погледи во бела кошула од парискиот бренд Барбара Буи и блескава јакна од Версаче.

Натали Портман

За модниот едиторијал филмската ѕвезда позираше уште и во креации од Стела Мекартни, Келвин Клајн, Родарте, Прада и Chloé, а се разбира и од Кристијан Диор, модната куќа со која Натали има долгогодишна соработка.

Натали Портман Натали Портман

Фотографиите се дело на модниот фотограф Каи Зи Фенг.

Во интервјуто за списанието, Натали зборувала за феминизмот, мајчинството и својот омилен филм „Dirty Dancing“.

За феминизмот: „Сакам секоја верзија од жената и од мажот да биде возможна. Сакам жените и мажите да имаат можност да бидат или само родители или работници со полно работно време или која било комбинација од нив. Сакам да можат да прават сè што сакаат сексуално без да бидат нарекувани со најразлични имиња. Сакам да им биде дозволено да бидат слаби и силни и среќни и тажни – односно да бидат луѓе. Заблудата во Холивуд е тоа што ако правиш „феминистичка“ приказна, жената растура и победува. Тоа не е феминистка, тоа е мачо. И филм за слаба, ранлива жена може да биде феминистички ако покажува реална личност.“

Натали Портман

За филмот „Dirty Dancing“: „До денес тоа е филмот кој го имам гледано најмногу во животот. Не можам да зборувам за тоа премногу, затоа што ќе ми се насолзат очите. Има и други филмови кои ги сакам, но ниту еден друг филм не сум го гледала повторно и повторно.“

Натали Портман

За мајчинството: „Обожавам да сум мајка, но тоа вклучува многу поинтензивна работа од тоа да си актерка – одењето на работа ми изгледа како слободен ден. Не дека сакам слободен ден од улогата на мајка, само што веројатно претходно имав впечаток дека мајките не работат. Но, тие работат и тоа повеќе од секој друг.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19065 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.