Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Се гордеам што имам деца со неа“: Џорџ Клуни призна дека не планирал да стане татко сè додека не ја запознал Амал

„Се гордеам што имам деца со неа“: Џорџ Клуни призна дека не планирал да стане татко сè додека не ја запознал Амал

Џорџ Клуни не крие колку е вљубен во својата сопруга.

Во ново интервју за The New York Times, 63-годишниот актер призна дека не планирал да стане татко сè додека не ја запознал Амал Аламудин, со која стапи во брак во 2014 година.

„Навистина не планирав да бидам татко. Потоа ја запознав Амал и се вљубивме. Морам да кажам дека после тоа, сè имаше смисла.“

„Се гордеам што сум нејзин сопруг. Се гордеам што сум татко на нејзините деца“ – рекол тој.

Џорџ и Амал Џорџ и Амал

Џорџ и Амал имаат 7-годишни близнаци, Александар и Ела.

Холивудскиот заводник не крие дека се вљубил во Амал само што ја видел, но не мислел дека има шанси кај неа затоа што бил 17 години постар од неа.

Кога тие се запознале во 2013 година, неговиот агент му рекол дека ќе се ожени со оваа жена, но Џорџ се сомневал во тоа сè додека Амал не влегла во собата.

„Тогаш влезе Амал. Си помислив: ‘О, Боже мој. Не мислев дека имам многу шанси кај неа, бидејќи бев 17 години постар и изгледаше дека таа има сè што ѝ е потребно“ – рекол тој.

Џорџ и Амал Џорџ и Амал Џорџ и Амал

Во претходно интервју, Џорџ сподели како се зближиле и како започнала нивната романса која беше крунисана со брак во 2014 година.

„Помислив дека е преубава, дека е забавна и очигледно, дека е паметна. Таа веројатно помисли дека сум стар. Потоа, таа ми испрати фотографии од кога беше тука и започнавме да се допишуваме и да разговараме, пред сè за она што ни се случуваше во животот. Со текот на времето, стана јасно дека сме повеќе од само обични пријатели“ – рекол тој.

Џорџ и Амал Џорџ и Амал

Џорџ во моментов го промовира филмот кој го режираше и со кој дебитираше на Бродвеј, насловен „Good Night, and Good Luck“. Тој изјавил дека по овој фил, планира да направи пауза за да се фокусира на семејството.

„Ќе си одделам време за моите деца. Навистина обожавам да ги возам на училиште, а со сопругата навистина имаме прекрасен период. Не сакам да го изгубам сето тоа“ – рекол тој.

Џорџ и Амал

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24970 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.