Пенелопе Круз зрачеше со елеганција на црвениот тепих на Оскар.
50-годишната актерка зачекори на свеченоста во бела креација од Шанел, направена специјално за неа. Според информациите на брендот, за изработката на фустанот биле потребни 254 часа.
Во својот стајлинг, Круз додаде дијамантски накит од над 27 карати, кој исто така доаѓа од модната куќа Шанел.












Пенелопе ја додели наградата за Најдобар меѓународен филм. Истата заврши во рацете на Волтер Селјс за бразилскиот филм „I’m Still Here“.




