Пол Мекартни објави три видеозаписи за својата балада „My Valentine“. Во првиот спот главното лице е Натали Портман, во вториот е Џони Деп, а во третиот се појавуваат и двете филмски ѕвезди.
Црно-белите видеа се едноставни. Натали Портман и Џони Деп седат на стол и користат знаковен јазик за да го пренесат текстот на песната.
Романтичната балада поранешниот член на „The Beatles“ ја напишал откако ја запознал својата трета сопруга Ненси Шевел и ја раскажува приказната за својата љубов кон неа. Тоа е песната на којашто Пол и Ненси заиграа за првпат на својата свадба откако стапија во брак во октомври минатата година.
Песната е резултат на соработка со Ерик Клептон, кој е „одговорен“ за звуците на гитарата. „My Valentine“ е дел од најновиот албум на 69-годишниот пејач, „Kisses on the Bottom“.