Натали Портман изгледа прекрасно во новата реклама за парфемот Miss Dior Cherie.
Во видеото кое трае 30 секунди популарната актерка се појавува во црн краток фустан со набори и е прикажана во стан во Париз со згодниот актер од филмот „Tetro“. Во позадина се слуша заводничката песна „Je T'aime Moi Non Plus“. Рекламата ја режираше познатата Софија Копола.
Прекрасната актерка од филмот „Црниот лебед“ во моментов е бремена со своето прво дете. Портман е голем фаворит за освојување на Оскар за најдобра актерка. Дали ќе успее да добие статуетка, ќе дознаеме в недела.