Деми Мур мамеше воздишки на црвениот тепих на Оскар 2025. На овогодишната свеченост, 62-годишната актерка блесна во рачно изработена креација од Армани.
Длабокото деколте и елегантната силуета одлично ја истакнаа нејзината витка фигура, а стотиците кристали и пулејки кои ја надополнуваа креацијата создаваа впечаток на раскош и гламур.
Деми за првпат беше номинирана за Оскар за Најдобра актерка, но не успеа да ја освои статуетката.











На пост-оскаровската забава организирана од Vanity Fair, Деми се појави во златен фустан од Гучи.



