Натали Портман ја доби честа да ја портретира Џеки Кенеди во новиот филм „Jackie“. Во биографскиот филм, талентираната Оскаровка влезе во улогата на сопругата на 35-тиот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди.
Официјалниот трејлер за „Jackie“ беше објавен вчера, а во него е прикажан турбулентниот период од животот на Џеки пред, за време и по атентатот на нејзиниот сопруг.
„Jackie“ наиде на многу добри критики и веќе се смета дека ќе си најде место во оскаровската трка. Филмот е режиран од Пабло Ларејн, а ќе започне да се прикажува во киносалите ширум светот на 2 декември.

