Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Натали Портман за „Marie Claire“

ФОТО: Натали Портман за „Marie Claire“

Натали Портман е лицето од насловната страница на „Marie Claire“. Убавата актерка за фотографијата на корицата облече креација од својот омилен бренд, Диор.

Натали Портман

Портман не е актерка која го обожава својот „селебрити“ статус, па доколку не беше новиот филм „Thor: The Dark World“, најверојатно немаше воопшто да видиме нејзина фотографија. Славната Оскаровка која заврши на Харвард и зборува шест јазици, признава дека ги мрази интервјуата. „Никогаш не би ги правела ако не морам“ – вели таа.

И покрај тоа, 32-годишната филмска ѕвезда седна за интервју за „Marie Claire“ во кое зборуваше за плановите за преселување во Париз и професијата која ѝ донесе светска слава.

„Навистина сум среќна. Кога Бен ме праша дали сакам да одиме во Париз, јас откачив. Секој сонува да живее во Париз“ – изјавила таа за преселувањето во Париз со сопругот Бенџамин и малиот син.

Натали Портман Натали Портман

Париз е идеален дом за Натали, која максимално се труди да го чува приватниот живот подалеку од папараците. Режисерот на „Black Swan“, Дарен Аронофски, во тој контекст изјавил: „Таа е многу приватна личност. Но, поради фактот што е славна уште од мала и тоа што е убава, привлекува внимание кон себе. Обично луѓето кои се прогонувани од папараците велат дека не го сакаат тоа, но всушност го сакаат. Натали не ја интересира тоа. Таа не ја игра таа игра.“

Во новиот филм „Thor: The Dark World“ Портман глуми заедно со Крис Хемсворт. „Крис е еден од најдобрите луѓе во Холивуд. Тој е толку харизматичен актер, што мора да е уморен кога ќе си оди дома“ – коментирала таа.

На фотографиите за едиторијалот, Натали носи креации од Диор, Џамбатиста Вали, Версаче, Валентино и Џорџо Армани.

Натали Портман Натали Портман Натали Портман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19065 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.