Децата на славните од мали нозе се заинтересирани за мода. Откако малата Харпер Бекам од првиот ред ја следеше ревијата на мајка си, и ќерката на Џеј Ло седна во првиот ред на ревијата на Шанел.
Но, 4-годишната Еми не беше многу расположена да ги види најновите креации на Карл Лагерфелд, па на фотографиите од ревијата изгледа како едвај да чека шоуто да заврши.
Слаткото девојче, кое носеше мала Шанел чантичка, беше заедно со својата модерна мајка и Каспер Смарт.
Во првиот ред на ревијата одржана во Париз седеа и фотографот Патрик Демаршелие, моделот Батист Џабикони и Кание Вест.
Пред почетокот на ревијата 43-годишната пејачка позираше за фото-репортерите облечена во краток бел Шанел фустан.