Времето очигледно заборавило на Џенифер Лопез. Латино дивата ни приближно не изгледа како на последниот роденден да дувнала 43 свеќички.
За време на викендот, убавата актерка и пејачка го заробила вниманието на присутните на забава по повод отворањето на ресторанот и ноќниот клуб „Hakkasan“ во Лас Вегас.
Едноставното мало црно фустанче и високото коњско опавче само го потенцираа младешкиот изглед на Лопез која радосно позираше покрај своето момче Каспер Смарт.
На забавата присуствуваа и Ванеса Хаџенс и Остин Батлер.