Џенифер Лопез објави фотографија на која позира помеѓу поранешниот сопруг Марк Антони и сегашниот партнер Каспер Смарт.
Фотографијата била направена на неодамнешната роденденска забава на Кристијан, синот на Марк од бракот со Дајанара Торес. „Среќен роденден Кристијан!“ – напиша Лопез под фотографијата на Twitter.
До Марк Антони на фотографијата е неговата сегашна девојка, Шенон де Лима. На интимната фотографија се и двете близначиња на разведениот пар, Макс и Ема.
Џенифер и Марк објавија дека се разделуваат во јули 2011 година. Неколку месеци подоцна Џенифер започна врска со 25-годишниот танчар Каспер Смарт. Од друга страна, Марк објави дека е во врска со 25-годишната Лима во јануари минатата година.