Џенифер Лопез подолго време не ја крие својата врска со 24-годишниот танчар Каспер Смарт, но очигледно во новиот спот ќе видиме многу повеќе од обично држење за рацете и бакнување помеѓу нив.
За неколку дена Џеј Ло треба да го објави спотот за новата песна со Питбул, „Dance Again“, но искусната пејачка знае како предвреме да крене врева и да го зголеми интересот. Џенифер објави секси фотографии на кои со нејзиното момче си ги врзуваат очите со црна лента на која пише „Љубовта е слепа“.
„Има многу љубов помеѓу нив. Тој се однесува кон неа како кон кралица“ – пишува People, цитирајќи анонимен извор.
Спотот ќе биде премиерно објавен на 5 април. Еве го и видеото со текстот на песната: