Џенифер Лопез го објави спотот за новата музичка соработка со Питбул, „Dance Again“. Во видеото 42-годишната пејачка и нејзиното момче Каспер Смарт ја покажуваат својата страст преку жешки танци и многу допири.
Кога водителот на American Idol, Рајан Сикрест, ја запраша Џенифер дали на снимањето на видеото имаше „хемија“ со некој од танчарите, таа му одговори: „Тоа е добар спот. Уживајте, уживајте во песната, таа ми е многу мила. Содржи одлична порака и се надевам дека на сите ќе им се допадне“.