Странските медиуми наголемо информираат за љубовните контакти на Џенифер Лопез со еден од нејзините танчари. Имено, според последните информации Џеј Ло е во врска со
Сведоци тврдат дека 42-годишната пејачка била видена како се забавува со Каспер во Лас Вегас и како излегува од хотели заедно со него.
Пријател на младиот танчар за британскиот The Sun открил и малку повеќе детали за сексуалната авантура на Џенифер. Во неџентлменска постапка Каспер наводно се фалел дека има одличен секс со Лопез и дека нејзиното тело е неверојатно.
„Каспер рече дека Џеј Ло има неверојатно тело и дека е во подобра форма од сите девојки со кои бил досега. Тој рече дека таа има тело на 20-годишна. Сега се неразделни. Сè е само за секс – и никој не е сигурен дали тоа има некаква иднина“ – пишува весникот, цитирајќи го анонимниот пријател.
Исто така и извор близок до познатата пејачка потврдил дека Џенифер само се забавувала со Каспер и дека тешко можела да му одолее на неговиот шарм.