Ирина Шајк заведува од страниците на машкото списание „Maxim“. 28-годишната Русинка позираше на тропска плажа со бел песок пред објективот на Расел Џејмс.
Во интервјуто за списанието, Ирина зборувала за негативните коментари насочени кон неа и нејзиното момче Кристијано Роналдо. „Не ми е гајле што мислат луѓето, а не му е гајле ниту на Кристијано. Некои луѓе те сакаат, некои те мразат. Мораш да бидеш силен“ – изјавила таа.
Атрактивната бринета отворено зборувала и за работата како модел. „За мене тоа е бизнис, а не хоби. Во кој дел најмногу уживам? Во финансискиот дел. Во независноста која ми ја дава“ – рекла таа.
Ирина во моментов го промовира својот прв филм, „Hercules“. За прифаќањето на улогата на Мегара, таа коментирала: „Секогаш кога ќе ми дадеа сценарио, тоа беше за барменка... стриптизерка... Не мислам дека би била лоша барменка или стриптизерка. Но, грчка митологија! Ирина е грчко име, па си мислам дека можеби е судбина.“