Ирина Шајк го разубавува јулското издание на „Cosmopolitan“ Кина. Атрактивната Русинка сними фотосесија на раззеленета ливада со познатата модна фотографка Фан Син.
28-годишниот модел моментално активно го промовира својот прв филм, „Hercules“, во кој глуми сопруга на Двејн Џонсон (Херкулес).
За првото искуство пред холивудските камери, Ирина вели: „Кога си на снимање како модел, дури и за фотосесии за долна облека, зад камера има можеби 10 луѓе, но на снимање на филм има 200 луѓе! Мораш да глумиш, да заборавиш дека си модел. Многу е поразлично. Ја обожавам модата и сакам да сум модел, но дефинитивно уживав снимајќи го овој филм и би сакала повторно да глумам.“
Шајк изјавила и дека сѐ уште не знае во кој правец сака да ја продолжи својата кариера. „Имаш многу отворени врати кога си модел – телевизиска водителка, актерка, дизајнерка – па никогаш не можеш да планираш. Ќе видиме“ – рекла таа.