Ен Хетавеј и Адам Шулман ја крунисаа својата љубов со брак. Свадбената церемонија се одржала вчера, на зајдисонце, пред очите на 180 гости.
29-годишната актерка носеше невестински фустан од познатиот дизајнер Валентино, кој ѝ е многу близок пријател.
Декорациите за свадбената прослава биле инспирирани од природата. Само цветните аранжмани чинеле околу 100.000 долари.
Ен и Адам се во врска 4 години, а својата свршувачка ја објавија во ноември минатата година. „Многу сум заљубена во него, само што Адам ми го уништи планот. Навистина сакав извесен период да поминам сама, а потоа се заљубив како будала“ – изјавила Ен за почетоците на врската со Адам.