Ен Хетавеј ја пее баладата „I Dreamed a Dream“ во емотивниот прв трејлер за филмот „Les Misérables“. „I had a dream my life would be/So different from this hell I’m living“ – пее познатата актерка додека се појавуваат кратки сцени од филмот сниман според делото на Виктор Иго, „Клетници“.
Во филмот Ен ја има улогата на измачената Фантина, која е принудена да ја продаде својата коса. Одбивајќи да носи перика, популарната актерка дозволи да ѝ биде отсечена долгата коса за да може подобро да се доловат болката и страдањата на нејзиниот лик.
Ен глуми во филмот заедно со Хју Џекман, Расел Кроу и Аманда Сејфрид. Филмот е во режија на Том Хупер, а треба да ја доживее својата премиера во декември.