Ен Хетавеј се сврши со актерот Адам Шулман. 29-годишната холивудска ѕвезда позната по улогите во филмовите „The Princess Diaries“ и „The Devil Wears Prada“ била забележана со прстен на раката, а нејзиниот претставник за јавноста ја потврдил веста без да објави дополнителни детали.
По тригодишна врска очигледно парот има намера да ја круниса својата љубов со брак. „Многу сум заљубена во него, само што Адам ми го уништи планот. Навистина сакав извесен период да поминам сама, а потоа се заљубив како будала“ – изјавила Ен за почетоците на врската со Адам.
Холивудската актерка се запознала со Адам по завршувањето на својата врска со Рафаело Фолиери, кој во 2008 година се произнесе виновен за перење пари, завера и измама.