Васил Гарванлиев денеска ја одржа првата проба на евровизиската сцена во Ротердам, Холандија.
36-годишниот пејач ја изведе „Here I Stand“ со која ќе настапи шести по ред во првата полуфинална вечер на 18 мај.
Втората полуфинална вечер е закажана за 20 мај, а големото финале ќе се случи на 22 мај.
Видео
Ова ќе биде трето претставување на Васил на популарниот музички натпревар.
Гарванлиев пред две години застана на евровизиската сцена во улога на придружен вокал на Тамара Тодевска. Минатата година требаше да отпатува во Ротердам за да нè претставува со песната „You“, но настанот беше откажан поради пандемијата со коронавирусот.