Тукушто беше објавен видеозаписот за песната „Here I Stand“ со која Васил Гарванлиев ќе ја претставува нашата држава на Евровизија.
Зад музиката и текстот стои самиот Гарванлиев.
Видео
Ова ќе биде трето претставување на 36-годишниот пејач на популарниот музички натпревар.
Гарванлиев пред две години застана на евровизиската сцена во улога на придружен вокал на Тамара Тодевска. Минатата година требаше да отпатува во Ротердам за да нè претставува со песната „You“, но настанот беше откажан поради пандемијата со коронавирусот.
Ротердам ќе биде домаќин на фестивалот. Двете полуфиналиња ќе се одржат на 18 и 20 мај, а големото финале е закажано за 22 мај.