Васил Гарванлиев не успеа да се избори за место во евровизиското финале во Ротердам.
Моќниот настап, кој заслужува само комплименти, не беше доволен за пласирање во крајната музичка трка.
Веројатно најсилниот момент од изведбата на „Here I Stand“ беше кога Васил го раскопча сакото и создаде динамична рефлексија со парчињата огледала.
Видео
Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина добија најмногу бодови вечерва.
Денешните полуфиналисти ќе им се придружат на претставниците на Холандија, Велика Британија, Шпанија, Италија, Германија и Франција во големото финале кое е закажано за 22 мај.