Нашето учество на Евровизија и годинава е обвиено со скандали.
Само минути по промовирањето на песната „Here I Stand“ и спотот за истата, започнаа да навираат негативни коментари за спорни кадри со боите на бугарското знаме, а откако исплива интервју во кое изведувачот Васил Гарванлиев споделува дека има и бугарско државјанство, масовно започнаа да се слеваат навреди на негова адреса и дури и беше започната петиција за да биде откажано неговото претставување на Македонија на музичкиот натпревар.
36-годишниот пејач преку социјалните мрежи ѝ се обрати на публиката. Тој појасни дека поседува бугарски пасош веќе 20 години, но дека со гордост ја претставува нашата земја на Евровизија.
Изјава на Гарванлиев
„Јас сум Васил Гарванлиев, роден во Струмица, Македонија, 1984-тата година. Во ’97, мојата фамилија одлучи да се преселиме заедно во Чикаго каде што живеевме неколку години. Нè депортираа од Чикаго и кога се вративме, јас бев малолетен, фамилијата одлучи да направи неколку чекори за безбедност и за иднина за сите нас. Мојата баба, мајка на татко ми, е родена во село Игралиште, надвор од Петрич, кое ни овозможи да добиеме бугарски пасоши, кој го имам веќе 20-тина години. Закон е дека во нашата држава Македонија двојно државјанство е дозволено“ – појаснува Васил и вели дека живеел во повеќе градови низ светот и настапувал на многу сцени во Париз, Чикаго, Њујорк, Цирих итн.
„За мене најважно и најгордо нешто беше првата реченица во мојата биографија низ цел свет: ‘македонскиот баритон Васил Гарванлиев ја започна својата кариера на 7 годинки во својата родена земја’“ – вели тој.
Откако ги видел многуте коментари за прикажувањето на изменета верзија на делото на Жанета Вангели во спотот, побарал да бидат отстранети одредени кадри, но тоа не ги стивна критиките.
Тој е категоричен дека не е замешана политика во евровизиското претставување на Македонија.
„Интервјуто кое циркулира викендов е изјавено пред година дена, дури и повеќе. Во музика, нема политика, нема раса, нема боја, има љубов, има човештво, има енергија. Ако некој е повреден од тоа што јас го направив ненамерно, многу случајно, јас се извинувам од сè срце. Не се извинувам за тоа што сум јас, но, ако имам повредено некој, кој и да сте, прости ми“ – привршува тој.
Интервјуто во кое Васил објавува дека има и бугарско државјанство
Толку, пишете му крст ❌ pic.twitter.com/jPGGkUVpfA
— p|ps (@m0rban) March 14, 2021
Како беше прикажано делото „Омаж на Андреј Рубљов“ на Жанета Вангели во спотот на Васил
Оригиналното дело
Жанета Вангели Омаж на Андреј Рубљов, 1995 Комбинирана техника на иверка, 210х275 см Сликата е дел од Постојаната поставка на Националната галерија на Македонија, изложена во објектот Даут-пашин амам
Posted by Национална Галерија - National Gallery - Galeria Nacionale on Monday, April 9, 2018