Тукушто се одржа премиерата на спотот за песната „YOU“ со која Васил Гарванлиев ќе ја претставува нашата држава на овогодишното издание на Евровизија.
„YOU е покана за сите да се поврзат, отворат, танцуваат и го слават моментот“ – пишува македонскиот пејач, кој сите го паметиме по неговата детска песна „Марионка“.
Видео
Песната е дело на сестрите Невенка и Калина Нешкоски од Охрид, кои живеат во Чикаго.
Популарното музичко натпреварување ќе се одржи во Ротердам, Холандија. Васил, кој минатата година ѝ беше придружен вокал на Тамара Тодевска на музичкиот хепенинг, ќе настапи на првата полуфинална вечер на 12 мај додека големото финале е закажано за 16 мај.