Бразил е „жртва“ на фудбалска треска. Со колоритна манифестација беше означен почетокот на Светското првенство во фудбал.
Публиката во Сао Паоло беше исправена на нозе од настапот на Џенифер Лопез, Питбул и Клаудија Леите. И покрај проблемите со озвучувањето, илјадници фанови потскокнуваа и ја пееја химната „We Are One“.
Танчари, гимнастичари и акробати во колоритни костими го преплавија стадионот, зголемувајќи ја еуфоријата пред натпреварот меѓу Бразил и Хрватска, кој заврши 3:1.