Џенифер Лопез е незапирлива. Освен што се врати во жирито на American Idol, привлечната пејачка и актерка напоредно снима две нови музички видеа – со Рики Мартин и со Питбул.
Кој би ѝ дал на Џенифер 44 години? Енергичната ѕвезда беше фотографирана во Форт Лодердејл, Флорида, на снимањето на спотот за „We Are One (Ole Ola)“.
„We Are One (Ole Ola)“ ги обединува вокалите на Лопез, Питбул и Бразилката Клаудија Леите и е официјална песна на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во Бразил.
Очигледно во колоритното видео ќе преовладува бразилскиот дух.
Претходно Џеј Ло го снимаше спотот за „Adrenalina“ со Рики Мартин. 42-годишниот пејач објави кратко видео од снимањето на спотот и фотографија на која Џенифер носи секси костим и високи чизми.