По успешната соработка за песната „On The Floor“, Џенифер Лопез повторно го побара Питбул за уште еден денс-поп хит.
„Dance Again“ е резултатот на нивната најнова музичка соработка, а се предвидува дека ќе го продолжи успехот на „On The Floor“.
Спотот за новата песна Џеј Ло премиерно ќе го објави на 5 април за време на „American Idol“. Судејќи според жешкиот омот за новиот сингл, на кој 42-годишната пејачка сексапилно лежи меѓу неколку мажи, може да се очекува уште едно видео полно со сексуална енергија.