Официјалната песна за Светското првенство во фудбал кое следниот месец ќе започне во Бразил го доби својот видеозапис.
Питбул го објави спотот за „We Are One (Ole Ola)“ со Џенифер Лопез и Клаудија Леите.
Видеото се снимаше во Форт Лодердејл, Флорида, во февруари, а во него се вклучени снимки од фудбалски натпревари.
„We Are One (Ole Ola)“ е дел од официјалниот албум на првенството, „One Love, One Rhythm“.