Џенифер Лопез изгледа сексапилно и заводливо во новиот спот со Питбул за енергичната песна „Live It Up“. На почетокот од видеото режирано од Џеси Тереро, 43-годишната ѕвезда се подготвува за секси модна ревија.
Во другиот дел од четириминутниот клип, Џеј Ло и познатиот рапер лудуваат на плажа во Мајами.
„Live It Up“ е дел од новиот албум на Џеј Ло кој треба да биде објавен во текот на летото.