Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Венчаницата на Пепелашка во новиот филм на Дизни

ФОТО: Венчаницата на Пепелашка во новиот филм на Дизни

Дизни ќе ја оживее „Пепелашка“ на големото филмско платно. Пред публиката да има можност да ужива во најавуваниот визуелен спектакл, костимографката Сенди Пауел откри како ќе изгледа венчаницата на главната хероина.

На фотографиите Пепелашка (Лили Џејмс) го носи невестинскиот фустан кој бил специјално изработен за магичната свадба со шармантниот принц (Ричард Меден).

Пепелашка Пепелашка

Вкупно 16 вешти лица работеле 550 часа за да биде комплетирана венчаницата. Британската дизајнерка во интервју за Vanity Fair сподели дека при креирањето на костимите црпела инспирација од деветнаесеттиот век и од 50-тите години. Таа се стремела креацијата да биде едноставна и да се разликува од впечатливиот син фустан со кој Пепелашка се појавува на балот.

Пепелашка

„Пепелашка го освои срцето на принцот со нејзината добрина, па сакав да го покажам тоа преку нејзината облека“ – рекла Пауел и дополнила дека за малку ќе останеле без раскошната креација затоа што се запалила, но за среќа, бил уништен само горниот дел.

Екстравагантниот фустан со кој Пепелашка ќе занемува на балот блеска благодарение на 10.000 сваровски кристали. Всушност, за потребите на филмот биле направени девет верзии на балскиот фустан.

Пепелашка Пепелашка Пепелашка Пепелашка

Чевлите на Пепелашка се посебна приказна. Биле изработени 8 пара проѕирни обувки од кристали. Интересно е што актерката Лили Џејмс не носела ниту еден пар. Одделот за визуелни ефекти бил задолжен за во финалната верзија на филмот да изгледа како Џејмс да носи на себе кристални чевли.

Пепелашка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.