Генерации и генерации растеле, растат и ќе растат со незаборавните анимирани филмови на Дизни и Пиксар, и секогаш имало и ќе има филмови кои повеќе ќе се издвојуваат и ќе ги освојуваат срцата и на децата и на возрасните, а други не толку.
Познатото списание TIME, со помош на филмскиот критичар Ричард Корлис, создаде листа на 25-те најдобри анимирани филмови.
За најдобар анимиран филм е прогласен незаборавниот цртан филм на Дизни, „Пинокио“, кој сè уште ги учи децата дека ако лажат, ќе им порасне носот. Еден од омилените цртани на девојчињата, „Малата сирена“, се најде на 10. место, а „Кралот лав“ дури на 18. место.
Освен стари филмови, на листата се најдоа и некои од современите анимирани хитови како „Wall-E“ и „Барајќи го Немо“.
Еве ја целосната листа:
- Pinocchio (1940)
- WALL-E (2008)
- The Bugs Bunny/Road Runner Movie (1979)
- Dumbo (1941)
- Spirited Away (2001)
- South Park: Bigger, Longer and Uncut (1999)
- Up (2009)
- The Triplets of Belleville (2003)
- Finding Nemo (2003)
- The Little Mermaid (1989)
- Toy Story 3 (2010)
- Toy Story (1995)
- Snow White and the Seven Dwarfs (1937)
- The Adventures of Prince Achmed (1926)
- Wallace and Gromit in the Curse of the Were-Rabbit (2005)
- Happy Feet (2006)
- Akira (1988)
- The Lion King (1994)
- Tangled (2010)
- Paprika (2007)
- Kung FuPanda (2008)
- Dr. Seuss' Horton Hears a Who! (2008)
- Yellow Submarine (1968)
- Fantastic Mr. Fox (2009)
- Lady and the Tramp (1955)
Не се согласувате со изборот? Кој анимиран филм вам ви оставил најголем впечаток?