Бајката „Пепелашка“ ќе оживее на големиот екран, а Дизни го претстави првиот трејлер со кој го најавува магичниот филм.
Визуелниот спектакл ја следи приказната за Ела (Лили Џејмс), девојка која е малтретирана од маќеата (Кејт Бланшет) и двете полусестри (Софи Макшера и Холидеј Грејнџер). Улогата на шармантниот принц му припадна на ѕвездата од „Game of Thrones“, Ричард Меден. Талентираната Хелена Бонам Картер ја носи магијата во филмот, помагајќи ѝ на главната хероина да замине на балот со кочија и зашеметувачки син фустан.
Филмот ќе започне да се прикажува во кината низ светот на 13 март следната година.