Сите ја знаат приказната за „Пепелашка“, но и покрај тоа, милиони лица се љубопитни да дознаат како таа волшебна приказна ќе биде пренесена на филмското платно.
Новиот трејлер за дизниевиот филм ни дозволува да видиме неколку од клучните моменти од специјалната балска вечер на Пепелашка.
Визуелниот спектакл ја следи приказната за Ела (Лили Џејмс), девојка која е малтретирана од маќеата (Кејт Бланшет) и двете полусестри (Софи Макшера и Холидеј Грејнџер). Улогата на шармантниот принц му припадна на ѕвездата од „Game of Thrones“, Ричард Меден. Талентираната Хелена Бонам Картер ја носи магијата во филмот, помагајќи ѝ на главната хероина да замине на балот со кочија и зашеметувачки син фустан.
Филмот ќе започне да се прикажува во кината низ светот на 13 март.