По повод премиерата на новиот филм „Пепелашка“, Дизни ангажира девет луксузни модни куќи да креираат модерна верзија на стаклените чевли.
Брендови како Џими Чу, Николас Кирквуд и Салваторе Ферагамо се инспирираа од магичната бајка, за да ги израдуваат модерните Пепелашки со гламурозни модели. Обувките, кои ќе се продаваат во неколку од најпрестижните стоковни куќи во светот, беа презентирани за време на изложба посветена на филмот „Пепелашка“, во рамките на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал.

Jimmy Choo



Nicholas Kirkwood



Stuart Weitzman



Salvatore Ferragamo



Rene Caovilla



Alexandre Birman



Charlotte Olympia



Jerome Rousseau



Paul Andrew



На изложбата посетителите имаа можност да видат и една од проѕирните чевлички од сваровски кристал, кои биле користени за снимањето на филмот.
