Кејт Винслет го краси ноемвриското издание на американскиот „Вог“. За модниот едиторијал 38-годишната актерка била фотографирана од реномираниот фотограф Марио Тестино.
На фотографиите славната добитничка на Оскар носи креации од Валентино, Дона Каран и Ланвин, кои ги прекриваат нејзините труднички облини.
Во интервјуто за списанието Кејт изјавила дека животот никогаш не ѝ бил поубав. Моментално таа го промовира новиот филм „Labor Day“ со Џош Бролин, а наскоро ќе го добие своето трето дете.