Кејт Винслет беше прогласена за Најдобра актерка на BAFTA TV Awards.
На церемонијата во Лондон, 47-годишната актерка беше придружувана од ќерка си Миа Треплтон, со која глуми заедно во епизодата за освоената статуетка „I Am Ruth“.
Дуото мајка-ќерка позираше заедно на црвениот тепих.
„I Am Ruth“ раскажува приказна за мајка и нејзината проблематична ќерка тинејџерка, која е зависна од социјалните мрежи и „заробена“ во канџите на онлајн светот.
За време на својот говор, Кејт изјави дека половина од наградата ѝ припаѓа на ќерка ѝ Миа.
„Ако можам да ја разделам оваа награда, половина би ѝ ја дала на ќерка ми Миа Треплтон. Го направивме ова заедно!“ – рече Винслет, додека двете заедно ронеа солзи-радосници.
Видео:
„I Am Ruth“ е епизода од серијалот „I Am...“, за кој актерите импрозивираат и сами ги осмислуваат деловите кои ги глумат.