Кожата на Кејт Винслет изгледа беспрекорно во најновата реклама за кармините L'Absolu Nu на познатиот козметички бренд Lancôme.

35-годишната актерка е во улогата на вистинска заводничка во кампања режирана од познатиот Марио Тестино.
„Навистина сметам дека карминот е најдобар сојузник на апсолутната женственост“ – изјави Кејт додека ја снимаше рекламата.
Кејт започна да соработува во Lancôme уште во 2007г., кога учествуваше во реклама за парфемот Tresor.