Омилените близнаци од филмското платно се сретнаа во Хамбург, Германија. Арнолд Шварценегер и Дени ДеВито, кои пред 27 години го насмеаја светот со хумористичниот филм „Twins“ (Близнаци), застанаа заедно пред германската публика на доделувањето на наградите Златна камера.
70-годишниот ДеВито му ја додели наградата за животно дело на својот 67-годишен колега.


Шварценегер со инспиративен говор ги охрабри сите оние кои сонуваат да успеат во филмската индустрија да не се откажуваат, а потоа му се заблагодари на ДеВито што секогаш стоел до него.


За фановите на „Twins“, добра вест е што постојат големи шанси наскоро да започне снимањето на „Triplets“, продолжение во кое Шварценегер и ДеВито ќе го пронајдат својот трет брат (Еди Марфи). Иако проектот привремено е паузиран, се шпекулира дека Универзал Студио ќе ја изненади публиката со посакуваното продолжение.
