Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Арнолд Шварценегер за ниската самодоверба: „Кога се гледам во огледало, повраќам“

Арнолд Шварценегер за ниската самодоверба: „Кога се гледам во огледало, повраќам“

Арнолд Шварценегер не се плаши отворено да зборува за својата ниска самодоверба. Иако е еден од најпознатите холивудски актери и шампион во бодибилдинг, тој признава дека е свој најголем критичар кога станува збор за надворешниот изглед.

Арнолд Шварценегер

„Кога се гледам во огледало, повраќам. И претходно бев критички настроен кон себе, дури и кога бев во топ физичка форма. Се гледав во огледало откако ќе ја добиев титулата Мистер Олимпија одново и одново и си мислев: Како ова купче ***** победи? Никогаш не видов совршеност. Секогаш нешто фалеше. Секогаш можев да пронајдам милиони нешта кои не се во ред со мене и тоа ме враќаше во фитнес сала“ – изјавил тој во интервју за Cigar Aficionado.

Арнолд Шварценегер

Иако наскоро ќе влезе во осмата деценија од животот, Арнолд вели дека вежба секој ден без исклучок. „Не ја чувствувам возраста. Правам сè исто како што правев кога имав 20 години. Денот не може да ми започне без да направам нешто физички. А вежбам и навечер пред спиење – кардио, тренирање со тегови. Сакам да останам во форма колку што е можно подолго“ – рекол 69-годишниот актер.

Арнолд Шварценегер

Во моментов, Арнолд е фокусиран на промовирање на шоуто „Celebrity Apprentice“, во кое ќе ја има улогата водител.

Арнолд Шварценегер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19160 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.