Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Арнолд Шварценегер се отвори за моментот кога ѝ кажа на сопругата дека има дете со чистачката

Арнолд Шварценегер се отвори за моментот кога ѝ кажа на сопругата дека има дете со чистачката

Арнолд Шварценегер сподели многу приватни моменти во документарецот „Arnold“, а меѓу нив особено внимание привлече неговото признание за вонбрачно дете од афера со чистачката.

75-годишниот актер откри како ѝ кажал на неговата тогашна сопруга Марија Шрајвер дека има син со нивната куќна помошничка. „Со Марија одевме на брачно советување еднаш неделно. На една од сесиите, советникот рече: ‘Марија сака да си специфичен за нешто, сака да знае дали ти си таткото на Џозеф’. Ми застана срцето и ѝ ја кажав вистината: ‘Да, Марија, Џозеф ми е син’“ – раскажува тој.

Шварценегер

Шварценегер сподели дека неговата сопруга била скршена од неговото признание. „Имав афера во 96-та година. На почетокот навистина не знаев“ – вели тој и открива дека подоцна му станувало сè појасно дека тој е таткото на Џозеф, кој сега има 25 години.

Шварценегер

Арнолд ѝ призна на Марија за аферата дури по 10 години. Тие се разведоа во 2011 година по 25 години брак, а заедно имаат четири деца.

„Разводот беше многу, многу тежок на почетокот. Со текот на времето, продолжуваш напред. Имам прекрасна девојка, Хедер Милиган, која е многу успешна. Многу сум горд со неа и ја сакам. Во исто време, ја сакам и мојата сопруга. Со неа сме многу добри пријатели и многу сме блиски и се гордееме како ги израснавме децата. Ако има Оскар за справувањето со развод, ние со Марија треба да го добиеме затоа што тоа имаше најмало влијание на децата“ – споделува тој.

Шварценегер

„Arnold“ ќе се прикажува на Netflix од 7 јуни.

Трејлер за „Arnold“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19160 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.