Познатиот холивудски актер Арнолд Шварценегер и неговата сопруга Марија Шрајвер соопштија дека се разделуваат по 25 години брак.
„По многу размислувања, расудувања, дискутирања и молитви, заедно дојдовме до оваа одлука. Моментално живееме разделени, додека работиме на нашата врска. Продолжуваме да ги гледаме нашите деца заедно. Тие се светлината и центарот на нашите животи“ – се вели во нивното соопштените, но никаде не се споменува дали планираат да се разведат.
Шварценегер, кој неодамна се повлече од функцијата гувернер на Калифорнија, во февруари објави дека повторно сака да се врати во филмската индустрија. Се верува дека тој ќе биде ѕвездата на новиот филм „Терминатор“ за да ја репризира неговата најпозната улога досега.
Марија Шрајвер е писателка и поранешна новинарка на NBC.
63-годишниот актер и политичар стапи во брак со Марија во 1986 година. Тие имаат четири деца.