Анџелина Џоли и Бред Пит ретко оставаат простор папараците да продрат во нивниот приватен живот. Сепак, популарниот пар беше уловен од неуморните фотографи за време на спортски натпревар во Лос Анџелес.
51-годишниот актер и 39-годишната актерка беа фотографирани додека релаксирано се шетаа околу теренот и си разменуваа по некој бакнеж, додека нивните две ќерки Шајло и Захара се натпреваруваа.
Во еден момент посветените родители навиваа од зад металната ограда и со широки насмевки ги дочекаа своите ќерки.
Џоли и Пит се заедно речиси десет години, а минатата година стапија во брак. Заедно имаат шест деца.