Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Анџелина Џоли за „Variety“ и „Du Jour“

ФОТО: Анџелина Џоли за „Variety“ и „Du Jour“

Анџелина Џоли активно го промовира своето ново филмско дело, па многу светски списанија ја поканија за фотосесии и интервјуа. 39-годишната холивудска ѕвезда ги краси новите изданија на „Du Jour“ и „Variety“.

За зимското издание на „Du Jour“, Џоли позираше заедно со Џек О’Конел пред објективот на италијанскиот фотограф Франческо Кароцини.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Во интервјуто, Џоли раскажала како дошла до идејата за филмот „Unbroken“ и како се борела да ја донесе приказната за Луи Замперини на големиот екран. „Режирањето е многу поразлично од актерството, затоа што ти одзема многу повеќе од две години од животот... При секоја посета на студиото, ти даваат проекти. Ги видов тие четири реченици за „Unbroken“. Се вратив дома и му реков на Бред: Навистина сум љубопитна за овој филм, тој е за триумфот на човечкиот дух, за пронаоѓање на вера и опростување, а животот на овој маж изгледа многу интересен. А Бред ми врати: Ох драга, тој проект се врти таму со години. Се борев за него со месеци. Чувствував дека тргнувањето на тоа патување ќе ме направи подобар човек. Молев не само да бидам режисер, туку молев и да имам можност две години од животот да се фокусирам на Луи Замперини“ – рекла таа.

Анџелина Џоли

Џек О’Конел ја има главната улога во филмот кој се очекува да биде вистински хит.

Анџелина Џоли

Анџелина признала и дека е многу посреќна како режисерка отколку како актерка. „Никогаш не сум се чувствувала пријатно како актерка, никогаш не ми се допаѓало да бидам пред камера. Не мислев ниту дека можам да режирам, но се надевам дека ќе можам да направам кариера во тој правец, бидејќи сум многу посреќна“ – изјавила таа. На прашањето дали планира целосно да се откаже од актерството, таа одговорила: „Апсолутно.“

За „Variety“ Џоли позирала со О’Конел и јапонскиот рокер Мијави, кој во филмот ја има улогата на безмилосен јапонски војник.

Анџелина Џоли

Во интервјуто за списанието, Џоли низ солзи зборувала за Замперини, кој почина пред само неколку месеци. „Велат дека никогаш не треба да ги запознаеш своите херои, бидејќи тие често знаат да те разочараат. Но, Луи навистина беше еден од најголемите луѓе кои постоеле“ – рекла таа.

Анџелина Џоли

Трејлер за „Unbroken“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18970 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.